ВМРО-ДПМНЕ: Не може Шилегов да не е добар за СДСМ, а да е добар за град Скопје

Од:

„Простотилакот на Петре Шилегов е поттикнат и охрабрен од Зоран Заев. Кога Заев и Шилегов немаат никаков аргумент со кој би го објасниле криминалот, расипништвото и пропаѓањето во овие две години, прибегнуваат кон навреди, вулгарности и недолично однесување. Со спуштање на нивото се надеваат дека ќе предизвикаат инциденти со кои би се дефокусирало вниманието од сиромаштијата и катастрофата со која се соочуваат граѓаните.

Недоличното однесување и говорот на омраза на Шилегов мора да биде санкциониран.

Нервозата за лошиот изборен резултат Шилегов може да ја искажува на Бихаќка, ама не и пред граѓаните.

Скопјани година ипол не видоа ниту еден проект или инвестиција, само омраза и неспособност.

Токму затоа Шилегов е во право кога вели дека оставка поднесуваат луѓе со интегритет, одлика со која Шилегов одамна расчистил.

Доколку СДСМ и Заев мислат дека ќе ја залажат јавноста со театарот наречен метла се лажат. Граѓаните се незадоволни од градоначалникот Шилегов, а не од потпретседателот Шилегов.

Не може Шилегов да не е добар за СДСМ, а да е добар за град Скопје. Како ако Шилегов не е добар за потпретседател на партијата би бил добар за градоначалник.

Граѓаните не бараат метла во СДСМ. Граѓаните бараат метла во државата.

Шилегов е политичар, кој за година ипол нема изградено ниту еден булевар, улица или пешачка стаза. Шилегов година ипол нема направено ништо. Токму затоа треба час побргу да си даде оставка од позицијата градоначалник. Се друго е само потврда дека најавената метла е само театар за отргање на вниманието на граѓаните од лошите политики, но и чистење на СДСМ и јакнење на позицијата на Заев во пресрет на неминовното одење во опозиција“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела