ВМРО-ДПМНЕ не кажуваат дали го признаваат Талат Џафери за претседател

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција најостро го осуди, како што беше наведено, обидот за заплашување и хајката која по политички налог се води против недолжни граѓани кои се приведуваат и им се врши огромен притисок од страна на одредени институции.

– Единствен грев на овие граѓани е тоа што си ја бранеа државата и националните интереси и се противеа на реализирањето на тиранската платформа. Се поголем број граѓани јавно кажуваат дека врз нив се врши прогон, без никаква основа, изјави пратеникот Драган Данев.

Како што истакна, недозволиво е полицијата да приведува лица кои не сториле никакво кривично дело, им се подметнуваат пријави, а некои се повикуваат дури и за вербален деликт. Дел од лицата, рече Данев, повикувајќи се на информациите со кои располагаат, добиле притвор без елементарен доказ.

– Ова е срамно и одмаздничко однесување кон сопствениот народ и заслужува најостра осуда. Одговорност пред граѓаните има и министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, кој не смее да врши притисок врз вработените спротивно на процедурите и законот да малтретираат и приведуваат луѓе, недолжни граѓани, бидејќи секој, па и службено лице кои го кршат законот одговараат за своите постапки, рече Данев.

Одредени граѓани, според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, влегле во Собранието револтирани од нелегалниот обид за избор на Претседател на Собрание, од кршењето на Уставот, Деловникот, од антидржавните провокации кои ги прави СДС, и тоа не може да биде оквалификувано како кривично дело. ВМРО-ДПМНЕ повика на запазување на основните принципи на правната држава во кои се гледаат исклучиво фактите и доказите, а не, како што кажа Данев, нечии изразени партиски или политички ставови.

– Ќе се бара најголема одговорност доколку се докаже дека макар и едно лице е приведено без докази. Законот важи за сите и недозволиво е институциите да имаат двојни стандарди, односно за некого без докази да му се ставаат на товар измислени кривични дела, додека во време на траењето на т.н шарена платеничка револуција и насилството кое таа го продуцираше, во која беа напаѓани и полицијаци, да не се постапува ни приближно по истите аршини, рече пратеникот.

Очекувањата на ВМРО-ДПМНЕ, според него, се институциите наместо да ги прогонуваат граѓаните, да реагираат на кршењето на највисоките правни акти од државата од страна на СДС и нејзиното раководство.

– Токму криминалецот Заев е тој кој го испровоцира гневот на граѓаните со своите нелегални и антидржавни дејствувања и два месеци ги провицираше граѓаните кои мирно протестираа, рече Данев додавајќи дека СДСМ е одговорна за револтот на граѓаните и за изборна измама, го руши унитарниот карактер на државата, ги прекрши сите законски и деловнички процедури, ги навредуваше, провоцираше и омаловажуваше граѓаните кои мирно протестираа и ја отпочна реализација на тиранската платформа.

На новинарско прашање дали ВМРО-ДПМНЕ го признава Талат Џафери за претседател на Собранието, Данев одговори само дека тој е избран на нелегален начин.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Кога делата ја демантираат реториката, вистинското лице на Левица и Мојсоска се разобличува

СДСМ: Среде пожари 400 пожарникари оставени без плата

Манасиевски: Од наводно неподмитливи до профитери, ова е вистинското лице на Апасиев и Левица

Катерина Ѓуровски

СДСМ: После толку многу манипулации со изјавите – на Мицкоски не може да му се верува

СДСМ: Одбиена листата на советници на ВМРО ДПМНЕ за Битола

Манасиевски: Очекуваме пратеникот Сашко Јанчев да си поднесе оставка

Катерина Ѓуровски