ВМРО-ДПМНЕ не исполнува лични желби на Црвенковски

Од:

„Во овие неколку години по којзнае кој пат слушаме дека СДСМ го организирала најголемиот митинг во историјата на Македонија. После секој таков митинг кој го прогласуваат за историски, тие губат на избори.

„ Основниот и суштински проблем за сите оние кои говореа вчера и се прогласуваа за лидери на опозицијата е недостаток на кредибилитет, немање на конкретни дела и проекти зад себе. Тие, исто така, се познати по честото менување на своите ставови. Црвенковски вчера се обрати на пензионерите, студентите, земјоделците, невработените.

– Го прашуваме:

  • Г-дине Црвеновски што вие сте направиле за пензионерите на кој им ги намали пензиите за 8%?!
  • Г-дине Црвенковски што вие сте направиле за студентите кога тие во твое време плаќаа дури десет пати повеќе за партиципација за студирање?!
  • Што вие сте направиле за земјоделците знаејќи додека беше на власт не добиваа ниту еден денар за субвенции?
  • Конечно, г-дине Црвенковски што вие сте направиле за невработените, знаејќи дека токму во твое време 200 000 од нив останаа без работа, а стапката на невработеност ја донесовте на рекордно ниво од близу 40%?!

– Вчера, Бранко Црвенковски и СДСМ повторно, по којзнае кој пат, се скара со сите институции, организации и поединци. Се скара со сите кои не мислат како него. Бранко Црвенковски вчера ги навреди и заплажи синдикатите, коморите, новинарите, интелектуалците, стопанствениците- само поради тоа што никој од нив не верува дека Бранко Црвенковски има знаење и капацитет да им ги решава проблемите.

– Претходните неколку денови, Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, заедно, искажаа една многу опасна, но и погрешна теза, на која ние силно реагираме. Тие двајца рекоа дека доколку Македонија добие датум за преговори тоа значи промена на името. Тоа не е точно! Ова е погубна теза со која Црвенковски и Георгиевски сакаат да создадат впечаток дека дури и ако постигнеме успех дека е штетно. Во исто време велат ако не добиеме датум за преговори, повторно не чини, зошто пак така Владата ги  блокирала европските интеграции. Значи и да добиеме и да не добиеме датум за преговори, Бранко и Љубчо ќе велат дека не е добро.

– Го слушнавме г. Црвенковски дека побара парламентарни избори. Тоа не потсети на еден ист ваков митинг пред година и половина. Тогаш со истиот тон, со истата еуфорија и со точно истите зборови Црвенковски побара избори. Му ги дадовме тие избори, а тој повторно ги изгуби. Да потсетиме дека тогаш самиот Црвенковски вети дека ако ги изгуби изборите ќе си поднесе оставка и ќе ја напушти политиката. Не си поднесе оставка и излажа.

– Црвенковски е свесен дека поразот на локалните избори за него навистина ќе значи дека ќе мора да си оди од политиката. Затоа се обидува со повик за предвремени парламентарни избори да го мотивира сопственото членство. Во тоа дека тој нема капацитет да победи веруваат и неговите најблиски соработници, кои без дилема, му откажаа и се повлекоа од трката за локални избори, чекајќи го него сам да го понесе поразот на локалните избори.

– Ние знаеме дека барањето за предвремени парламентарни избори е барање поради тоа што Црвенковски нема што повеќе да изгуби.

– ВМРО-ДПМНЕ на следните локални избори ќе го порази СДСМ. Што СДСМ ќе прави после тој пораз е целосно нивно право и одговорност.

– Ние нема да дозволиме Република Македонија да биде заложник на личната кариера на г. Црвенковски и на неговите политички желби.

– Тој кажа дека следните локални избори ќе бидат референдум. Ние му порачуваме дека ќе бидат референдум против погрешните политики на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски заедно.

– ВМРО-ДПМНЕ нема никаква обврска, ниту пак намера да ги исполнува личните желби на Црвенковски. Ние ги признаваме и прифаќаме единствено обврските спрема граѓаните“, изјави Зоран Ставревски.

Писмена реакција на СДСМ на денешната прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ

„Уште во моментот кога ја спомнавме можноста за предвремени парламентарни заедно со локалните избори во март, беше јасно дека Груевски и ВМРО – ДПМНЕ бегаат од таква опција.

Сакаме јасно да им порачаме на премиерот и на владејачката партија дека не зависи од нив дали ќе има промена на власта.

Ние во нашите барања за предвремени парламентарни избори исклучиво се водиме од расположението на граѓаните кои во мнозинство се противат на штетните и погрешни политики на актуелната власт.

СДСМ најмалку посакува промена на власта на некаков друг начин, освен на избори“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче, неврохирургот на Заев и 40 потрчковци е само синоним за починати граѓани и криминал

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалното работење на СДС и ДУИ во енергетскиот сектор, граѓаните плаќаат скапа електрична енергија

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Цели 13 години на ДУИ додека беше на власт не му сметаше што Јени Џамија е споменик на културата

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста имаше можност да ја види целата мизерија на СДС и Левица

Горан Наумовски