ВМРО-ДПМНЕ: Не го блокираме носењето на законот за медиуми, се обидуваме да издејствуваме подобро решение

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Здружение на новинари на Република Македонија.

„ВМРО-ДПМНЕ не го блокира носењето на законот за медиуми. Напротив се обидува да издејствува подобро решение кое ќе гарантира поголема независност на регулаторните тела за медиуми и ќе ги направи отпорни на притисоците на власта. Главната цел на искажаните ставови последните денови е тенденцијата на „министерот за вистина“ Роберт Поповски, како и на министерот за партизација на администрацијата Дамјан Манчевски, за комплетно одземање на независноста на регулаторните тела за медиумите во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 60-тина амандмани кои произлегоа од јавната дебата при креирање на предлог- текст за закон. Всушност се работи за амандмани кои спречуваат партизација преку начинот на избор на членовите на регулаторните тела. СДСМ и Роберт Поповски бараат начин веднаш, со политичка одлука, да бидат вметнати партиски кадри во овие тела. Со тоа пред истекот на рокот би се прекинал мандатот на актуелните членови. Притоа, ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со наведените критериуми кои ги предлага СДСМ и нивното Министерство за вистина. За дел од нив се бара да бидат како дополнителна вредност при следното конкурирање за избор на членови, а не главен предуслов,со што би се избегнало токму фаворизирање на лица блиски на СДСМ, што е целта на актуелното решение.

Во меѓувреме јавноста сведочи за незапаметен притисок од министри и врз јавниот сервис ЈП МРТ и врз регулаторното тело АВМУ. Притисок кој што секако не е без политичка заднина. Сепак, од оние кои треба да бидат на страната на медиумите, нема ниту збор ниту за нападите од министрите врз МРТ, ниту пак за омаловажувањата и физичките напади врз новинарски екипи.

Притисоците врз регулаторните тела и воопшто притисокот врз медиумите креиран од актуелната власт се и дел од забелешките кон новата власт заради кои Република Македонија не доби датум за отпочнување на преговорите за членство во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ жали што јавноста повторно е изложена на обиди за манипулација со вистината и што преку владините инсталации од нив се кријат вистинските причини за инсистирањето на законско решение кое нема да допринесе за вистинско информирање“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски