ВМРО-ДПМНЕ: Наумов повторно се обидува да ја манипулира јавноста

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмена реакција на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии за денешната аукција на државни записи наведува дека Кире Наумов повторно се обидува да ја манипулира јавноста создавајќи незадоволство и паника.

– Каматните стапки на државните хартии од вредност во времето на СДСМ беа и над 11 проценти. Значи ако се сега околу два проценти тогаш биле дури над 11 проценти, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Вистината, како што стои во соопштението, е дека Македонија во моментот е меѓу петте најмалку задолжени земји во Европа. – Потврда дека долгот е на умерено ниво имаме од сите реномирани меѓународни финансиски институции како Светска банка, ММФ и кредитните рејтинг агенции Фич и Стандард и Пурс, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуват дека државните хартии од вредност беа воведени во 2004 година. – Уште во 2003 година тогашниот министер за финансии има донесено Стратегија за развој на пазарот на државни хартии од вредност во која се наведува дека овој начин на финансирање на буџетскиот дефицит е многу поевтин и помалку ризичен на надворешни шокови и финансиски кризи, се додава во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека средствата од ДХВ се користат за финансирање на редовните расходи предвидени во Буџетот кој е изгласан од Собранието на РМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела