ВМРО-ДПМНЕ: Наша цел останува членството во ЕУ и НАТО

Од:

ВМРО-ДПМНЕ соопштува дека нивното негодување против некои амбасадори не значи дека тие се против амбасадорите, туку само реагираат бидејќи сметаат дека ги пречекориле нивните овластувања.

„Дежурните самопрогласени интелектуалци и платеници на СОРОС не треба да стравуваат, ВМРО-ДПМНЕ не е против амбасадорите, туку принципиелно реагира кога некои амбасадори ќе ги пречекорат своите овластувања и делуваат како замена за пратениците и владата избрана од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја продолжи комуникацијата и соработката со амбасадорите на државите пријатели на Република Македонија бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е гласот на 455 000 граѓани. Изразувањето на негодување и различно мислење постои и во државите од каде потекнуваат амбасадорите.

Нашата цел останува членството во ЕУ, НАТО и почитување на Делкарацијата за стратешко партнерство со САД во 2008-та година.

ВМРО-ДПМНЕ е избрана од народот да се грижи пред се за неговите интереси и да ја почитува неговата волја“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела