ВМРО-ДПМНЕ: Народот знае да цени кој работи за негово добро

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави синоќешната одлука на Централниот одбор на СДСМ и како што се наведува во соопштението од партијата, тоа за нив е очекувано.

– Народот на Република Македонија знае да цени кој работи за негово добро со проекти, реформи, програма, а кој се занимава со манипулации и деструкција, посочува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Според партијата, конечно очајот, алчноста и недостатокот на капацитет на Зоран Заев добиваат свое финале.

– Многупати и досега СДСМ држеле вакви состаноци, најавувале и фрлале бомби, ни се заканувале, не навредувале, употребувале насилство и кажувале дека сме нервозни и уплашени, стои во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ потсетува, како што е наведено, дека нивниот лидер сам призна дека соработува со странски служби и креира деструкција за туѓ интерес.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски