ВМРО-ДПМНЕ: Народот нема корист од ветувањата на СДС се додека се однесуваат како опозиција

Од:

„Народот нема никаква корист од ветувањата дадени од СДС се додека таа партија не престане да се однесува како опозиција.

Народот очекува конкретни проекти и исполнување на предизборните ветувања. Граѓаните од СДС ги очекуваат и новите 500 километри автопат кои им ги вети, но и економскиот раст од 5% годишно, како и повратот на 15% од ДДВ. Граѓаните ја очекуваат и евтината струја.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со својата работа и со постојано реализирање на нови проекти успеа да создаде подобри услови за отворање на нови работни места. Најдобар доказ за тоа се новите работни места кои во изминатите години постојано се отвара. Во 2006 година невработеноста беше рекордни 38 %, а во првата половина на 2017 година таа е на рекордно ниски 22,9 %. Според Заводот за статистика во Република Македонија вработени се 734.000 граѓани, а во 2006 бројот на вработени беше 560 000 што значи дека во изминатиот период додека ВМРО-ДПМЕН ја предводеше Владата се отворени нови 174 000 работни места.

Само во однос на претходната година во услови на наметната политичка криза има 20.000 повеќе граѓани кои се вработени во однос на истиот период лани. Бројот на невработени лица е намален за 13.000.

Затоа време е СДС мора да почне да испорачува тоа што го ветиле. Граѓаните од нив тоа го очекуваат.

Македонија се сака со дела, со многу работа и одрекувања“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кои се пратениците со кои ВМРО-ДПМНЕ дојде до парламентарно мнозинство: Со ЗНАМ во Влада ќе се обезбеди и двотретинско

Орце Костов

Почна средбата на работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за новата влада

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги продолжуваат разговорите за нова влада

ВМРО-ДПМНЕ: Министерството за здравство крахираше и во случајот Токсикологија

(ВИДЕО) Мицкоски: Ги поставивме контурите на рамката врз која ќе ја градиме коалицијата

Орце Костов

Која е Гордана Сиљановска Давкова, првата жена претседател: Министерка во Влада на Црвенковски, претседател со поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Орце Костов