ВМРО-ДПМНЕ: Народот им порача на СДСМ дека платформата нема да помине

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на соопштението на СДСМ.

„СДС покажува дека за него нема ништо свето, ниту празници, ниту национални и државни интереси. Но што впрочем да се очекува од партија која се однароди и се врза со нарко-мафијашкото подземје.

Народот јасно им порача дека нивното дилетантско политиканство не поминува. Народот јасно им порача дека не поминува ниту Тиранската платформа, ниту негирањето на македонскиот народ, химна и знаме, се она за кое што СДС упорно молчи, а под маса го договара.

СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев се обидуваат со прифаќање на странски платформи и негаторски изјави по секоја цена да избегаат од соочување со правдата за криминалите кои ги направиле. Но бегање од судските процеси за нивните криминали нема, исто како што нема бегање ниту од судот на народот. Тој суд на народот, СДС ќе го види на избори кои се единственото решение од ситуацијата во која СДС ја втурна Македонија со прифаќањето на Тиранската Платформа.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито