ВМРО-ДПМНЕ: Народот чека одговор на прашањето кому му сметаат православните гробишта

Од:

„Оливер Спасовски покажа колку не се грижи за граѓаните. Тој вчера наместо да работи на случајот кој ги вознемири граѓаните на Љуботен, но и целокупната македонска јавност со вандалскиот чин со уништување на гробиштата во ова село, си водеше политика и тераше тесно партиска агенда.

Граѓаните и вчера не слушнаа дали и што презело МВР во насока на откривање на сторителите на сквернавењето на 30-тина православни гробови, што предизвика гнев и тензии меѓу населението.

Народот е вознемирен и чека одговор на прашањето кому му сметаат православните гробишта.

Со секој ден поминат на слобода, вандалите се охрабруваат дека имаат поддршка од власта во тоа што го прават, а граѓаните стануваат се позагрижени дека нема кој да ги брани. Оливер Спасовски зема плата од граѓаните и не смее да го игнорира нивниот револт и загриженост

МВР на чело со Спасовски наместо сторителите да ги изведе пред лицето на правдата и да спречи повторување на делото, времето го троши на работи кои се сведуваат на рубрика од жолтиот печат.

Со оваа своја постапка Спасовски покажа дека нема намера да го води Министерството како сервис на граѓаните и да го штити редот и мирот на државата. Со оваа своја постапка МВР покажа дека се претворило во институција која спроведува партиски хирови наместо да брка сторители на криминал.

Со оваа своја постапка само се засилува стравот дека чинот во Љуботен е осмислен акт со цел да се предизвика тензија која треба да ја дефокусира јавноста од политичките потези на власта во наредниот период а кои се од сериозно значење за идентитетот и опстојувањето на државата и народот“, изјави Дејан Митровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски