ВМРО-ДПМНЕ: Народот бара реални мерки за подобра иднина

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оценува дека веќе би била почната кампањата за предвремените парламентарни и локални избори доколку СДСМ не се плашела од гласот на македонските граѓани.

– Доколку криминогеното раководство на СДС имаше образ и одлучеше да ги праша граѓаните за тиранската платформа, наместо постизборно да им ја подметне, веќе наголемо ќе течеа дебатите околу штетните последици од кукавичкото прифаќање на елементите од платформата. Доколку СДС наместо антидржавна и антинационална политика, донесеше демократска одлука да се оди на избори, на 7-ми или на 14-ти мај ќе се знаеше волјата на народот и Македонија ќе ја отвореше вратата за излез од политичката криза, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека наместо храбра и државничка политика, лидерот на СДСМ одбрал да молчи за сите негирања на македонскиот идентитет.

– Народот бара реални мерки за подобра иднина. Народот не сака платформи од туѓи држави. Народот бара нови предвремени парламентарни избори за да му покаже на СДС како се сака Македонија, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела