ВМРО-ДПМНЕ: Народот бара нови избори

Од:

Кризата наметната од СДСМ мора да заврши. Народот бара избори, на кои ќе се изјаснат и ќе знаат за што гласаат, за да не се чувствуваат пост изборно изманипулирани, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение до медиумите и нагласува дека на тој начин народот ќе го казни СДСМ.

– Човекот кој стои зад тиранската платформа продолжува да ја промовира соросовата политика на предизвикување конфликти со уште поопасни ставови како што е прекројување на границите на Балканот, а СДС продолжува упорно да молчи. Колку должи и кому должи криминогеното раководство на СДС е нивен личен проблем. Тој долг не смее и нема да се плаќа за сметка на највисоките државни и национални интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се нагласува дека СДСМ уште еднаш на македонскиот народ му докажа дека „тие се партија која работи за нивните џебови и не мислат на иднината на граѓаните“.

– СДС и нивниот претседател Зоран Заев се би дале и жртвувале за да дојдат до власт. Народот ги прочита, и му се спротивстави на СДС, излезе на улица и над педесет дена без престан му кажуваат дека националните и државни интереси не се на продажба. Граѓаните секој ден порачуваат дека не им се потребни платформи од туѓи земји, народот бара инвестиции, нови работни места, мерки. На СДС му порачува ако треба да исплаќаат некакви фактури на нарко дилери и криминалци нека си ги платат со нивните пари, а не да ги плаќа народот или државата, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела