ВМРО – ДПМНЕ: Нападот на СДСМ против судството е одбрана за нивниот криминал

Од:

ВМРО – ДПМНЕ во пишана реакција на соопштението на СДСМ за изборот на Бранко Ушковски за претседател на Судскиот совет вели дека нападот на опозицијата против судството е одбрана на криминалот на Зоран Заев и неколку луѓе од раководството на партијата.

– Во изминатите неколку години направени се огромен број законски измени и реформи со цел да се зголеми професионалноста во судскиот систем, континуирано да се подобрува ефикасноста и квалитетот на работата на судовите, стои во реакцијата.

СДСМ, како што е наведено, се обидува свесно да го дерогира системот во Македонија, за да можат неаргументирано да ги критикуваат сите судски пресуди за криминалите во кои се замешани.

– Сме се соочиле се предизвиците и се справуваме со нив. Свесни сме и ние, но и граѓаните, каков судски систем наследивме од СДСМ. Токму СДСМ беше партијата која во Собранието директно изгласа 617 судии во само една ноќ, сите според листата на подобни судии која ја правеа во нивната партиска централа. Истите тие партиски инструирани судии потоа молчеа за грабежот на општествениот капитал, за криминалната транзиција и богатењето на партиската олигархија на СДСМ, се вели во реакцијата на ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела