ВМРО-ДПМНЕ: Наместо очајно да ја лаже јавноста, СДСМ да преземе нешто против загадувањето

Од:

„СДСМ наместо очајно да се обидува ја лаже јавноста, треба конечно да преземе нешто против загадениот воздух.
Доколку СДСМ преземеше нешто немаше Македонија да е најзагадена во Европа, а Скопје меѓу 10 најзагадени градови во Светот.

Излажаа дека имаат решение и итни мерки за чист воздух, а две години ништо не презедоа. Наместо да го решаваат проблемот со загадувањето играат игрички, спијат на седници и се расфрлаат со нови ветувања за решение дури после наредните две години.

Мерките на СДСМ ги видовме по тоа што половина од мерните станици не работат, четвртина од новите автобуси не возат, а наместо да ги поправат тие ги вратија старите автобуси на улиците.

И додека се расфрлаат со лаги и око не им трепнува, граѓаните со респираторни заболувања ги наполнија клиниките како последица од енормно загадениот воздух.

Граѓаните повеќе не ја трпат неспособноста и незаинтересираноста на власта. Лагите на СДСМ повеќе не поминуваат кај народот кој ќе ги казни за сите црнила кои и ги нанесуваат на Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни