ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се приведат сите инволвирани во „Рекет“, четири месеци се прикриваат трагите

Од:

„Зоран Заев не го прима неговиот пулен и штитеник Боки 13 во премиерскиот кабинет во Владата, туку на фотографиите е Христијан Мицкоски маскиран во политичар три пати аболициран за криминал.

Боки 13 на аудио снимката кога вели дека Заев е во тек и знае се, односно дека заедно ги менаџираат работите мисли на Христијан Мицкоски кој лажно му се претставувал.

Кога Катица Јанева вели дека после исплатените милион ипол евра се ќе било OK и нема потреба за грижи, всушност не е Катица, туку Мицкоски кој го прикрил гласот и се претставил како специјален јавен обвинител.

Торбата не е однесена во Влада, се е само монтажа на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.

Всушност Боки Тредичи само ја прикрива Радмила Шекеринска дека ќе му доаѓала на гости бидејќи таа тогаш била за да добие насоки од ВМРО и Мицкоски.“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Не е точно дека Ременски, Костадинов и останатите функционери на СДСМ се до гуша во криминалите на Боки 13. Сите нивни фотографии се монтажа исто како и снимката каде што цело СЈО плус Вилма Русковска се поздравуваат со Боки Тредичи.

Луѓе од ВМРО и ги земаат 750.000 евра во кеш на женичката со најскапата идеја во историјата. Вилма Русковска е човек на ВМРО и затоа не ја процесуира истрагата. Ова е светот во кој што живеат Заев и Костадинов. Да не беше Македонија заглавена во корупција, криминал и сиромаштија ќе беше урнебесно смешно. Вака е трагично.

Толку да се потценува и понижува сопствениот народ е нешто невидено. Русковска ги има сите докази за рекетот уште од април. Наместо да се приведат сите инволвирани, четири месеци се прикриваат трагите. Дури главата на октоподот Зоран Заев, сакаат да го претстават како пријавител, иако тој јасно и гласно ги упатуваше сите кои имале сознанија да ги пријавувале во ЈО.

Четири месеци се обидуваат да ја убедат јавноста дека Боки Тредичи и Зоран Кичеец се толку моќни да рекетираат десетици милиони евра брз ничија поддршка.

Лицемерни и срамни се обидите да се лаже јавноста за некаква професионална и ефикасна истрага. Ќе одговараат и Заев и Костадинов и сите инволвирани откако ќе се врати правдата во Македонија, а институциите ќе бидат ослободени од слугите на криминалците.

Време е за одговори и одговорност. Време е за предвремени парламентарни избори и обнова на Македонија.“, се наведува во реакцијата на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски