ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да му оддадат признание на Талески за добрата работа, тоа им пречи

Од:

Советникот на заминување Горан Милевски до сега требаше да научи да прави разлика меѓу акивностите кои ги има еден кандидат за градоначалник и еден актуелен градоначалник кој има должност да им служи на сите граѓани, велат од владеачката партија.

Наместо, стои во реакцијата, да му оддадат признание што градоначалникот м-р Владимир Талески и покрај ангажманот во предизборната кампања издвојува време за тековните обврски во општината ним им пречи што граѓаните на улицата Прохор Пчински ќе добијат нова улица со комплетно нова инфраструктура, водовод и канализација.

Зарем според Милевски јавните претпријатија во надлежност на општината треба да престанат со работа и за време на кампањата да заминат на колективен одмор?

Очигледно им пречи тоа што ВМРО-ДПМНЕ работи и создава дела кои ќе добијат поддршка од битолчани на 24 март, завршува реакцијата.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ