ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да мисли на борба против коронавирусот и продолжување на школската година, Заев мислел како да извади 20 милиони евра од Еуростандард банката

Од:

„Македонија со Заев е земја во која власта се богати, а народот ја плаќа нивната криминогеност со здравје и живот.

Македонија со над 13 илјади заболени и над 500 починати од епидемијата со корона вирус е црна точка во Европа и црн рекордер во регионот.

Полошо од здравствената криза е епидемијата од корупција и неспособност наречена Зоран Заев. Додека се богати неговиот картел економијата и државата тонат. Заради нивното неодговорно работење народот ќе плаќа 7,5% повисока цена на струјата. Македонија е единствена земја во регионот каде што поскапува овој енергенс“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Истовремено компании од енергетскиот сектор, кои пријавуваат понизок профит, плаќаат милионски суми на струмички фирми. Македонија е исто така единствена земја на која и пропадна банка, скандал тежок над 150 милиони евра, ама затоа министерката за финансии Нина Ангеловска успеала да го извлече својот депозит од 250 илјади евра од истата таа банка. За жал додека Нина Ангеловска и неколку фирми блиски до власта на Заев успеале, 90 илјади граѓани ќе останат без своите пари наредниот месец.

Дополнително оваа расипничка власт на Заев ја задолжи Македонија со 1 милијарда нов долг за само три месеци, со што секое просечно семејство го задолжи со нови 2.000 евра. Притоа не успеа да направи ништо што ќе ја спаси економијата или ќе го заштити стандардот на граѓаните.

Нема капитални инвестиции, ама затоа сите пари отидоа на предизборен поткуп. Експертите предупредуваат дека од есен државата ќе нема пари да ги сервисира основните обврски и ќе мора пак да се задолжува, за да се покрие криминогеноста и неспособноста на картелот на власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ