А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да гонат криминал, институциите вршат притисоци врз новинари

by А1он25/07/2019 - 08:53261
Share0

„Наместо да гонат криминал, институциите по налог на Зоран Заев, гонат медиуми и вршат притисоци врз новинари кои објавуваат сомненија за корупција на власта.

Следете a1on на Instagram Instagram

Вчера во полиција беа повикани двајца новинари, а еден медиум заврши со емитување на програма затоа што Заев, негови функционери, СЈО и сопственикот на медиумот рекетирале милиони евра.

За аболицираниот Заев не беше доволен политичкиот прогон кој го вршеше врз опозицијата, па удира и во медиумската сфера“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Криминалната банда на чело со Заев се обидува да ги замолчи и цензурира медиумите кои ги разоткриваат криминалите и корупцијата на власта. Акцискиот план на човекот кој е синоним за лаги и дезинформации, за борба против дезинформирањето не е ништо повеќе од класичен обид за цензурирање на медиумите во Република Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Слободата на медиумите во Македонија е загрозена, слобода на говор нема, а со ваквото нецивилизирано однесување на власта се загрозува и европската иднина на државата.

Случајот „Рекет“ е најголема потврда за уцените и заканите со кои се користи власта во пресметка со неистомислениците. Најголемите непријатели на лажгото Заев се оние кои ја говорат вистината за неговото владеење, новинарите.

Откако новинарите Љупчо Златев и Горан Момировски и го обзнанија на јавноста мега скандалот со местениот тендер „Leonardo will win“, тие беа повикани на распит во МВР. Наместо обвинителството да го истражи овој случај, на мета на институциите се најдоа оние кои го обзнанија криминалот на власта.

Лагите на Заев веќе не минуваат во јавноста па оттаму произлегува причината да се дискредитираат сите оние кои ја говорат вистината за неговото владеење преку обвинувања за лажните вести.

Ваквите орвелови чекори на криминалната власт за општа цензура, само го забрзуваат нејзиниот пад. Во Македонија ќе дојде време кога граѓаните, новинарите, медиумите ќе можат слободно да се изразуваат, а тоа ќе се случи кога Зоран Заев ќе си замине од политичката сцена во Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Катерина Ѓуровски08/11/2026 - 13:43

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Катерина Ѓуровски02/11/2026 - 10:35

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:3625/10/2026 - 15:05

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски25/10/2026 - 12:2525/10/2026 - 15:04

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео