ВМРО-ДПМНЕ: Најголем потфат во областа на инфраструктурата на оваа власт беше играње чочек во тунел на автопат

Од:

„Две години во Република Македонија не е изграден ниту еден метар нов пат. Градбата на нова инфраструктура е замрена. Нема проекти, нема инвестиции. Најголем потфат во областа на инфраструктурата на оваа власт беше играње чочек во тунел на автопат изграден од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев и СДСМ излажаа кога на изборите во 2016 година ветуваа дека ќе изградат 600 километри нов автопат и 550 километри нови магистрални патишта.

Власта не само што не изгради ништо ново, туку и тоа кое што требаше да го пуштат во употреба останато од времето на ВМРО-ДПМНЕ не е пуштено во употреба, па така готовиот автопат Миладиновци – Штип со месеци е вон употреба од причини кои само Зоран Заев ги знае.

Иако капитални инвестиции нема, власта сепак без престан се задолжува. Каде отидоа над половина милијарда евра од нови задолжувања, а притоа ништо не е изградено е прашање на кое Зоран Заев и неговите министри ќе треба да им го одговорат на граѓаните, а и на институциите на систем кога ќе завладее правото во Република Македонија.
Најавуваа градежен бум, а не направија ништо.

Владеењето на Зоран Заев ќе остане запаметено како време во кое ништо не е направено, градежните работи на инфраструктурата запреле, инвестиции немало, а граѓаните се повеќе се решавале да ја напуштат државата. Колку побргу владеењето на Заев стане минато, толку подобро за државата и граѓаните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела