• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Над илјада македонски граѓани умираат годишно од аерозагадувањето

by А1он05/12/2018 - 09:2184
Share0

„Македонија се гуши. Граѓаните се директна жртва на неспособноста на власта на чие чело е аболицираниот Зоран Заев. Според податоците на Европската агенција за животна средина (EEA), Македонија е најзагадената држава во Европа.

Добивај вести на вибер

Повеќе од 1000 македонски граѓани годишно умираат како резултат на огромното ниво на загаденост на воздухот. Власта нема решение за најгорливиот проблем на граѓаните, аерозагадувањето.

Иако СДСМ ветуваше прецизен план и решение на овој проблем реалноста покажува дека такво нешто не постои. СДСМ нема план, ниту волја за решавање на енормното загадување, единствена цел на лажните предизборни ветувања на Заев и СДСМ се докажа дека била манипулацијата на македонските граѓани, со единствена цел, доаѓање на власт.

Буџетските средства кои власта ги алоцира за решавање на проблемот со загадувањето се скандалозни. Македонија не може да го реши проблемот со загадувањето со срамни 1,5 милиони евра. Уште по скандалозно е што власта за набавка на лускузни возила и мебел ја потроши истата сума на државни пари, пари на граѓаните.

Дали овие илјада животи кои Македонија ги губи секоја година како директна жртва на загадување вредат 1,5 милиони ера?

Дали лубрикантите за кои власта потроши 1,6 милиони евра се повредни од животот на македонскиот граѓанин?

Доколку СДСМ навистина сака да го спречи загадувањето, наместо да прави дискриминаторски мерки ние предлагаме владата да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини.

Главна одлика на криминалниот картел на власта е неспособноста и расипништвото. Власта не ја интересира здравјето на граѓаните, власта единствено ја интересираат криминалните тендери и грантови кои завршуваат во џебовите на високи партиски и државни фунцкионери. Црнилата надвиснаа над Македонија, црнилата ги гушат граѓаните секој ден, ова зло мора да си замине.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со овие деструктивни и ненародни политики на СДСМ да ни се придружат на собирите ширум Република Македонија, и на протестниот марш во среда во Скопје со почеток од 17 часот од плоштад ВМРО до владата на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски01/02/2026 - 12:35

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Катерина Ѓуровски27/01/2026 - 12:25

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Катерина Ѓуровски25/01/2026 - 11:56

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски22/01/2026 - 12:38

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:42

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски14/01/2026 - 12:32
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен