ВМРО-ДПМНЕ: Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат одговорност на дело кон највозрасната категорија на граѓани. Во првата недела од мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ се донесе одлука за линеарно покачување на пензиите од 5.000 денари на сите пензионери, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

– Над 300.000 граѓани ќе добијат повисоки пензии за 5.000 денари, односно најниската пензија од септември ќе биде 15.600 денари, додека пак просечната пензија ќе ја надмине минималната плата во државата. Првото покачување од 2.500 денари пензионерите ќе го добијат веќе во септември, а другото покачување од истиот износ ќе го добијат во март следната година. Животниот стандард и квалитетен живот на пензионерите и сите граѓани се приоритет на владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ вети, ВМРО-ДПМНЕ реализира. Пензионерите заслужуваат мирен и достоинствен живот – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито