ВМРО-ДПМНЕ: На видеото од инцидентот во Чаир јасно се гледа инволвираноста на Асани и притисокот од него за ослободување на криминалецот баран со потерница

Од:

„МВР и Оливер Спасовски го прикриваат случајот со пукањето во Чаир и вмешаноста на заменик директорот на БЈБ, Ариф Асани. Наместо гарантирање на безбедноста во главниот град, но и во државата, МВР на чело со Спасовски е извор на криминалот и пресметките со огнено оружје“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Јавноста вчера на социјалните мрежи можеше да ја види снимката од инцидентот од пред неколку дена кои се случи среде Скопје.

На видеото јасно се гледа инволвираноста на вториот човек во БЈБ, Ариф Асани. Заменик директорот на БЈБ инсистира и врши притисок врз полициските службеници да биде ослободено лицето кое пукало кон нив, криминалец баран за одлежување на затворска казна.

Ова лице со месеци било штитено токму од функционерите на СДСМ и ДУИ, штитено исто и од заменик директорот на БЈБ после пукањето во Чаир.

Од видеото може да се забележи дека на местото на настанот има над 50тина, претежно млади луѓе, кои можеле да настрадаат од дивеењето на пајташите на ДУИ и СДСМ.

Арифи наместо да асистира при приведување на сторителот, тој користејќи ја својата положба истото лице го ослободува, а притоа и врши притисок на полициските службеници да го ослободат, а потоа и да ги сменат своите записници во полициска станица.

И покрај видео записот, Оливер Спасовски, Димитар Ковачевски сеуште молчат и се кријат од македонската јавност. Одговорност за Ариф Асани нема, а случајот се прикрива, се со цел да не се наруши криминалната коалиција СДСМ/ДУИ.

Не им е битна безбедноста на граѓаните, не им се битни проблемите на гра
ѓаните, најбитни им се фотелјите и личното богатење преку криминалот и криминалните тендери.

За овие постапки одговорност мора да има, колку и да се кријат и молчат од власта. Премногу е, потребни се брзи предвремени парламентарни избори“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ