ВМРО-ДПМНЕ на средба со Рот: Остануваме на својата евроатлантска определба

Од:

Денеска тим од ВМРО-ДПМНЕ, во состав од потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски и генералниот секретар Игор Јанушев, оствари средба со државниот секретар за европски прашања во министерството за надворешни работи на СР Германија, Михаил Рот и германскиот амбасадор во земјава Томас Герберих.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ посочија дека ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто на својата евроатлантска определба и дека партијата е силно посветена на процесот за придвижување кон ЕУ и НАТО, што е докажано и со вклученоста на ВМРО-ДПМНЕ во квалитативното подобрување на реформските закони, кои беа предуслов за враќањето на безусловната препорака на Европската Комисија за почеток на преговори со ЕУ.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше посочено и слабиот капацитет на власта за реформи, кои до пред вклучувањето на ВМРО-ДПМНЕ во реформскиот процес се одвивале бавно. Но и несериозноста на власта во водењето на државата и поставување на луѓе кои претставуваат безбедносен ризик за САД и се на црната листа за влез, на советничка позиција во владата.

Претставниците на ВМРО-ДПМНЕ ги информираа своите соговорници и за политичкиот прогон кој го врши власта, но и за злоупотребата на судството и обвинителството од страна на Зоран Заев.

ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари и на поддршката која нашата држава во изминатиов период ја добиваше од СР Германија и изрази надеж дека и во иднина ќе се унапредува соработката.

Државниот секретар информираше дека Република Македонија ја има јасната поддршка од СР Германија за евроатлантската интеграција и дека тоа така ќе остане и во иднина.

Би можело да ве интересира

Борозан: Власта да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите

Левица: Економскиот „успех“ на ДПМНЕ е само пропаганда – поскап живот, слаби инвестиции и 1,44 милијарди евра дефицит

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот во Ново Село не се инволвирани деца, туку возрасни луѓе на Заев, осудени насилници и наркомани

Горан Наумовски

Марков: Талогот Филипче е прочитана книга, жителите на Ново Село ја избираат политиката на резултати, а не политиката на тензии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Со капитални инвестиции и реформи ја зајакнуваме енергетската стабилност на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче денес обвинува за гостиварскиот случај, а молчеше кога беше министер за здравство

Горан Наумовски