ВМРО-ДПМНЕ: На Славески му беше оневозможено да работи согласно Деловникот, градските служби по налог на Арсовска му ја одземаа опремата

Од:

На претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески на денешната седница му беше ускратено правото да го регулира говорот на говорниците. Ова право на претседателот на Советот му е дадено со цел да не дозволува од говорницата да се користи говор на омраза, навреди по национална, етничка припадност, навреди на лична основа, известува ВМРО-ДПМНЕ.

„Копчето на претседателот му е дадено за да може да ја води седницата, затоа што било кој од говорницата може да изнесува навреди врз етничка, национална, лична основа и претседателот тоа мора да го спречи. Оваа седница ќе ја завршиме на овој начин“, рече претседателот на Советот, Трајко Славески.

Тој додаде „јас ве уверувам дека нема да почнам седница по завршување на оваа седница, доколку не се врати опремата која на претседателот на Совет му обезбедува контрола врз дискусиите на лицата кои излегуваат на говорница“.

На денешната седница на Советот на Град Скопје претседателот не му беше овозможено да работи согласно Деловникот. Со опремата која е во надлежност на претседател на Совет или копчето со кое се регулира дискусијата во смисла да нема навреди и слично раководеа служби на Градот. Заменикот на Арсовска советникот од ГРОМ, Александар Трајановски јавно призна дека свесно и намерно му било одземено тоа право на Славески, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски

Левица: Нашите советници не гласаа за буџетот на Град Скопје за 2026 година

Прифатена иницијативата за дислокација на УСЈЕ, соопшти Зелен хуман град

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра