ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ сите им се криви за проблемите што сами си ги создаваат

Од:

„СДСМ треба да престане за се што не им одговара и не им оди во полза за виновник да го посочуваат ВМРО-ДПМНЕ.

– Апелираме да не не` поврзуваат,  вовлекуваат и обвинуваат за проблемите кои тие самите ги создаваат.

– ВМРО-ДПМНЕ не стои зад револтот на граѓаните поради блокадата која СДСМ ја прави врз носењето на буџетот на Република Македонија како и носењето на евтиниот аранжман со Светска Банка. Но, ние целосно го разбираме и сочуствуваме со незадоволството на граѓаните кои поради неодговорното однесување на СДСМ може да останат без нивната социјална помош. Исто како што на пензионерите им се заканува опасност да останат не само без најавеното покачување, туку и без редовната исплата на пензиите, студентите без стипендиите, компаниите без повратот на ДДВ, земјоделците без неопходните субвенции, работниците без редовната исплата на платите.

– Ние апелиравме за сериозноста на ситуацијата. СДСМ треба да престане да бара виновник во други за сопствените грешки и за неодговорното однесување. СДСМ одговорите за денешните собири треба да ги побара од нивниот лидер Бранко Црвенковски“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?