ВМРО-ДПМНЕ: На СДС, ДУИ и Левица не им поминува лошиот политички театар со кој свесно го блокираат Изборниот законик

Од:

Политичкиот театар на СДС, Левица и ДУИ е разобличен, се докажа дека немаат никаква намера да се договорат за нов Изборен законик и дека свесно го блокираат. Пред очите на целокупната јавност излезе вистината дека СДС, Левица и ДУИ се координирани и имаат една единствена цел, а тоа е да не се донесе нов Изборен законик, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Лошиот политички театар на СДС, ДУИ, и Левица е разоткриен. Едните јавно повикуваа на разговори, другите демонстративно ги одбиваа, а во суштина сите работат за ист исход, да нема договор. Тоа е добро осмислено сценарио на СДС, Левица и ДУИ, а не политичко несогласување. СДС, Левица и ДУИ немаат интерес да се усвојат современи изборни правила, ниту да се олесни гласањето на македонската дијаспора. Наместо реформи, тие избираат блокади, калкулации и политички пресметки. Причината е јасна, а тоа е подготовка на сопствено алиби за следниот изборен циклус. Едните ќе се повикуваат на препораките на ОБСЕ и ОДИХР, другите ќе зборуваат за условите за изборна кампања, а третите ќе тврдат дека не била почитувана волјата на граѓаните. Тоа се изговорите што однапред ги подготвуваат затоа што немаат аргументи, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито