ВМРО-ДПМНЕ: На работните групи во Собранието во кои учествува ВМРО-ДПМНЕ не се разговара за Законот за двојазичност

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на денешниот брифинг на претседателот на Собранието, Талат Џафери.

„На работните групи во Собранието во кои учествува ВМРО-ДПМНЕ не се разговара за Законот за двојазичност. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за двојазичност е непроменет. Ние сметаме дека Законот за двојазичност излегува надвор од Уставот, истиот е неприменлив и не само што не придонесува за поголема кохезивност во македонското општество, туку носи и ризици кои можат да предизвикаат далекусежни последици.

Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни. Не смее да се повтори грешката и на мала врата, без соодветна дебата, со незаконско исцртување на европско знаменце, вакви чувствителни решенија да се носат во скратена процедура. ВМРО-ДПМНЕ повикува законот да се повлече и да се стави на поширока дебата во која би партиципирале и експерти. Овие конструктивните барања за жал не наидоа на соодветен прием и заради тоа нашата пратеничката група предложи амандмани за да се корегира спорната содржина. Очекуваме Собранието да го почитува деловникот и Законот за собрание и да ги разгледа предложените амандмани“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази