ВМРО-ДПМНЕ: На криминалот на ДУИ и СДС нема крај, испумпани нови 2.4 милиони евра, за косење на трева и сечење на дрвја

Од:

„Директорот на ЈП Државни патишта од ДУИ, Ејуп Рустеми, склучил договор за тендер со фирма од Кичево за косење на трева, кастрење на гранки и сечење на дрвја во патен појас и тоа во вредност од 2.4 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Во исто време, кога нема пари за учебници, кога нема пари за лекови, кога народот осиромашува од рекордната инфлација, „магично“ се наоѓаат пари за косење на трева и сечење на дрвја, во износ од над 2 милиони евра, а притоа власта нема направено ни еден километар автопат во државата.

На граѓаните веќе им е јасна шемата на владата, со која преку државното претпријатие ЈПДП, поради бизнис интереси, се соголува Македонија, преку надзори од 22 милиони евра, а сега и со дополнителни 2.4 милиони евра.

Додека Ковачевски се фали по маркети, за замрзнати цени на производи кои чинат помалку за 2 или 1 денар, на големо е одмрзната корупцијата и криминалите на ДУИ и СДС, впрочем и затоа кога одат по маркетите, добиваат лекции од народот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела