ВМРО-ДПМНЕ: МВР стана синоним за корупција, наместо симбол за борба против истата

Од:

„Македонија е заробена држава. Секоја држава има криминал и криминалци, но само во Македонија криминалците си имаат држава. Секојдневно јавноста е сведок на нерасчистени убиства, кражби и физички пресметки кои завршуваат во фиоките на инспекторите без правна разрешница.

МВР и неспособното раководство немаат аргументи да одговорат на поставените прашања и затоа оставаат деца од штабот на СДСМ да говорат во нивно име.

МВР стана синоним за корупција во државата наместо симбол за борба против истата. Оливер Спасовски без тендер додели милион евра на фирма од неговото родно Куманово која е партиски донатор на СДСМ. Не станува збори за неколку илјади евра, туку милион евра за набавка на возила за потребите на МВР без тендер во четири очи.

Оливер Спасовски и неговите партиски војници ставени на раководни позиции ќе останат запаметени како најлошото раководство кое министерството за внатрешни работи го имало од осамостојувањето на државата.

Македонија од ден во ден тоне се повеќе во криминал. Наместо заштитник на граѓаните МВР на Спасовски стана заштитник на криминалците. СДСМ сега ги отплаќа долговите кон криминалното подземје, долговите за добиената поддршка во предизборието на локалните избори од криминалците кои рекетираа, агитираа и се заканува на граѓаните кои не можеа слободно да го дадат својот глас. Во овие моменти граѓаните ја плаќаат најскапата цена за оваа предизборна коалиција на СДСМ со подземјето“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите