ВМРО-ДПМНЕ: МВР се обиде да го сокрие генералниот секретар на Град Скопје за пријавата за семејно насилство

Од:

Спасовски и Ковачевски, залудно се обидоа да го сокријат новиот скандал, во врска со генералниот секретар на Град Скопје, Зоран Глигоров, кој беше пријавен за ново семејно насилство од страна на неговото семејство, а МВР не ја извести јавноста, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„По пријаватата од неговата сопруга, во раните утрински часови, на 17-ти декември, полицијата пристигнала во неговиот дом, каде биле затекнати видно вознемирени и исплашени, членовите на неговото семејство. Сопругата на Глигоров изјавила дека на ситуацијата и претходела вербална расправија со Глигоров, а исто така посочила, дека тој поседува огнено оружје со кое се заканувал дека ќе си го одземе животот.

Драмата не завршила тука, генералниот секретар на Арсовска, продолжил со своето лудило, при што и кажал дека е спремен да се фрли од балконот од својот дом.

На Глигоров вакви случки, не му се случуваат прв пат, тој е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. во 2007-ма година и во 2017-та година а, воедно кај Глигоров тоаш билo најденo и огнено оружје хеклер.

Ова се кадрите на Арсовска, со кои го раководи градот Скопје, семејни насилници и лица со дискутабилна психичка состојба.

Очигледно е дека, овој случај се обиде да го скрие МВР на Спасовски и Ковачевски, бидејќи тие заедно со Данела Арсовска, веќе подолг период се во коалиција во Град Скопје, па биле приморани, да го заташкаат овој случај. Тоа нема да им помине“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито