ВМРО-ДПМНЕ: МВР на Спасовски е нефункционално, лични карти не се издаваат и повеќе од 20 дена

Од:

„МВР на Спасовски е нефункционално, лични карти не се издаваат и повеќе од 20 дена. Граѓаните за лична карта чекаат и повеќе од месец дена, а во последните 20 дена не е издадена ниту една лична карта. Ова е дебакл на системот за кој виновна е власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски со нефункционалноста на МВР и неиздавањето на лични карти го крши и Законот за лична карта кој јасно пропишува во својот чл.12 дека личната карта се издава во рок од 15 дена од денот на приемот на барањето за издавање.

Кој ќе одговара и дали воопшто некој ќе понесе одговорност затоа што се крши законот? Уште поважно кој ќе им ја надомести штетата на граѓаните кои не можат слободно да стапат во правен промет затоа што системот не е способен да им издаде лична карта согласно законски утврдениот рок?

Власта ги става граѓаните во голем ризик, но и во голема штета.

Една од потребите за постоење на организирана власт е и обврската да им пружа услуги на граѓаните. Со Заев и Спасовски власта не го исполнува и овој услов за свое постоење. Заев и Спасовски целосно потфрлија и за тоа треба да има одговорност.

Време е неспособните да си одат. Време е за Македонија за сите луѓе!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ