ВМРО-ДПМНЕ: МВР има кујни, а среде криза троши 13 милиони евра за исхрана на фирма блиска до Спасовски

Од:

„МВР наместо во служба на граѓаните на СДС им служи како уште една алатка за испумпување на милиони евра, покрај тоа што им го штити и криминалот на функционерите од власта. Среде најтешка криза СДС преку МВР троши неверојатни речиси 13 милиони евра на компанија блиска до Спасовски за исхрана на полицијата. Дека СДС и Спасовски се вмешани во уште една матна зделка говори фактот дека оваа набавка е сосема непотребна имајќи го фактот дека МВР располага со свои кујни и тоа со вработени и најсовремена опрема“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Две зделки СДС ги врши со фирма која не само што почнала со финансиска помош од владата на СДС, туку на поставувањето на камен темелникот присуствувал лично Оливер Спасовски.

Истата фирма Индустри сервис блиска до Спасовски ќе доставува храна за полицискиот центар во Ѓорче Петров и Центарот за обука во Идризово, иако и двата имаат современи кујни.

Уште една потврда за крадењето на народните пари е и тоа што Спасовски плаќа по 4,5 милиони евра годишно, а пред овој тендер истата услуга го чинела МВР само 3.3 милиони евра кога самите ја приготвувале храната. Сето тоа им било малку па МВР им признава 15% транспортни трошоци за да биде зделката подебела.

Колку пари се крадат ни кажува и тоа дека со овие договори Индустри сервис станува една од фирмите преку која се одлеваат најмногу буџетски пари од МВР.

Дека тука има голем криминал покажува тоа што Спасовски се сокрил и овие договори ги потпишало друго овластено лице. Сепак, Спасовски нема така лесно да се спаси.

Многу скоро доаѓа крајот на овие милионски криминали кои се прават на грбот на полициските службеници и граѓаните среде огромна финансиска криза кога сите едвај преживуваат. Крајот им е многу блиску, а потоа следи одговорност“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски