ВМРО-ДПМНЕ: Молчењето не е опција, протест за рушење на владата

Од:

„На вчерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ се разгледа целата ситуација во која се наоѓа државата, оценето е дека СДСМ и ДУИ имаа доволно време да покажат што можат и умеат и да ја придвижат државата напред. Тоа не го направија, напротив, државата е уназадена, народот посиромашен, а криминалот е секојдневие. Од тие причини на 18 јуни, ВМРО-ДПМНЕ ќе организира голем протест пред владата за промени и пад на оваа власт“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Констатирано е дека како држава заради неспособноста на оваа власт поминавме преку исклучително тешка здравствена криза, во која за жал одговорот на истата беше ненавремен, и неефикасен, со голем број на изгубени човечки животи на нашите граѓани.

Власта не понуди навремени и кредибилни активности и мерки за соочување со енергетската криза, а за која постоеше кредибилни информации дека ќе се случи.

СДСМ и ДУИ не покажа адекватна способност за соочување со економската и финансиската криза, придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација кои удрија со максимален интензитет и целосно го соборија стандардот на граѓаните и ги зголемија трошоците на работење на компаниите.

Откако се на власт јавниот долг на државата се зголеми енормно, и од 4.7 милијарди во 2017 година, сега истиот изнесува над 7.2 милијарди. Ништо не е изградено, а странските инвестиции се на исклучително ниско ниво.

Дебакл има и на меѓународно поле. Неефикасната и неодговорна дипломатија не ги исполни дадените ветувања за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ.

Најголем кратер има во правосудството, исто и понатаму е тема на загриженост од страна на меѓународните фактори од каде ни се упатуваат кредибилни забелешки.
Сето тоа е пропратено со високиот степен на корупција, која се уште претставуваат суштинска пречка за враќање на изгубената доверба на граѓаните во институциите на државата и политичарите.

За крај неспособноста на оваа влада однесе многу животи, и за тоа секогаш никој не е одговорен. Инцидентите со автобуската несреќа кај Ласкарци, изгорената монтажна болница во Тетово и автобуската несреќа во Бугарија.

Протестот е повеќе од неопходен. Затоа ги повикуваме сите граѓани да ни се придружат и сите заедно да ги донесеме промените. Премногу е! Ова е протест за промени!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ