ВМРО-ДПМНЕ: Многу земји имаат мафија, но само во Македонија, мафијата си доби своја земја

Од:

Многу земји имаат мафија, но само во Македонија, мафијата си доби своја земја. Република Македонија се претвора во ветена земја за криминалците и тоа нема да се смени со промената на името и идентитетот што ги предлага Заев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Безбедноста е нарушена, луѓе се убиваат, физички напаѓаат по улици, а одговорност нема за никого. Главниот град Скопје наликува на сцена од криминален филм а не на град каде што граѓаните можат да живеат без да се плашат за сопствениот живот и животот на најблиските. СДСМ ја уништува државата , а безбедноста на граѓаните е ставена под знак прашалник. Откако е СДСМ на власт секојдневно сме сведоци на насилства по улиците, неразјаснети убиства и криминални вооружени пресметки низ целата држава. Едноставно криминалот царува а безбедноста не ја гарантира никој. Брутални убијци се шетаат на слобода, а доказ за тоа е егзекуторот што среде бел ден, на прометна улица го ликвидираше младиот фудбалер Мартин Јанушев. Поминаа десет месеци, против убиецот нема никаква постапка и не е приведен“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението на опозициската партија се додава дека наместо СДСМ и Оливер Спасовски да работат за граѓаните, тие ја загрозуваат нивната безбедност.

„Додека криминалот, насилството, уцените и хаосот царуваат по улиците низ Македонија, Зоран Заев забрзано ги распродава националните и државни интереси на Република Македонија. Зоран Заев ги прифати сите грчки барања, прифати ново име за севкупна употреба, се откажа од македонскиот идентитет и се согласи на бришење на македонската култура и историја. Граѓаните не паметат кога МВР последен пат расветлиле некој криминален случај. Граѓаните со право стравуваат за својата безбедност. Криминалците слободно се шетаат на улица и ги загрозуваат мирот и стабилноста во нашите населби. Оливер Спасовски ја претвори МВР во нефункционална институција“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Како што велат тие, Спасовски нема капацитет да го води МВР.

„Време е Спасовски целосно да се посвети на партиската агенда и да си замине од ресорот. Така граѓаните ќе имаат помала штета. Хаосот кој го креираат Заев и СДСМ мора да престане. Криминалот и насилството мора да завршат. ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со штетните политики на криминалната влада на Зоран Заев и СДСМ да дојдат во недела во 13 часот во Охрид на голем протестен марш“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?