ВМРО-ДПМНЕ: Митингот во Штип фијаско

Од:

„Митингот на СДСМ кој се одржа вчера во Штип преставува фијаско. Овој митинг е доказ за погрешната политика на СДСМ-со нешто помалку од 2000 луѓе, од кој повеќе од половината донесени со автобуси, од околните градови на Штип, од Велес, од Радовиш, од Кочани, дури од Струмица и Куманово. Штипјани не излегоа да го пречекаат Црвенковски“, изјави на прес конференција Трајче Димков, од ВМРО-ДПМНЕ.

„Граѓаните покажаа дека не ја подржуваат политиката на СДСМ и Бранко Црвенковски. Од говорот на Бранко Црвенковски како и секогаш досега ниту чувме ниту запаметивме нешто ново и нешто корисно“.

„Целиот негов настап беше единствено гола критика и празни реченици. Очигледна станува разликата поради тоа што веќе 20 години Црвенковски говори на празни теми, се служи со лаги и манипулации, а Груевски зборува за проекти, за реформи, за мерки, за активности, за напредок“, рече Димков.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Обвинителство веднаш да го истражи случајот

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите