ВМРО-ДПМНЕ: Министерот за здравство е демантиран од надлежниот инспекторат, после ваков скандал премиерот го превоспитува министерот, но Ковачевски никој не го есапи

Од:

„Кога партиските пазари и суети се вмешаат во здравството, тогаш здравствениот систем е на апарати. Последниот скандал во здравството со разрешувањето на директорот на клиниката за Кардиохирургија, покажува дека оваа власт ниту има стратегија, ниту има концепт што да прави во јавното здравство, а за жал нема ниту јасна и унифицирана владина политика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Напротив гледаме дека владата се пазари и препазарува, поткусурувајќи се со принципите на професионалноста и квалитетот во здравството.

Против аргументите на министерот излегоа луѓе од фелата, па дури и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, на кој самиот се повикуваше, кои велат дека министерот не ја говори вистината и дека до нив ниту имало претставка, ниту барање од министерот за вонреден инспекциски надзор на клиниката за кардиохирургија и истото не се случило.

Тоа значи дека голема е веројатноста ова разрешување да се случило поради каприц и суета, или поради партиско-политички каприци. Но било што и да е, после ваква скандалозна ситуација во секоја сериозна европска држава премиерот го превоспитува или го менува министерот.

Но во случајов, Ковачевски за сето ова збор нема проговорено и во негов манир се крие и бега, затоа што само ако се осуди да му писне на министерот Меџити, лесно може заедно со директорот на клиниката за кардиохирургија и тој самиот да лета од владата како куфер.
И додека Министерот Меџити и владата прават кадровски претумбации на сметка на квалитетот и функционалноста на системот, здравството тоне и тоне.

Има недостиг на антибиотици, недостиг на лекови и терапија на клиниката за онкологија, има сериозен недостиг на медицински персонал кој масовно заминува во странство, има затворања на цели одделенија по здравствените установи, пациенти со ретки болести молат за помош, а со смс пораки се собираат пари за лекување на луѓе, кратко речено, има тотален колапс на системот.

Меџити треба да одговори како на толку проблеми во здравството, на толку проблематични клиники и здравствени домови се намерачи токму на клиниката за кардиохирургија?

Ковачевски ништо не го прашуваме, бидејќи ни во владата не го есапат ни 2%“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ