ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план на Груевски да избега

Од:

„Зоран Заев и неговата влада за да ја сокријат неспособноста сега се правдаат со лажни соопштенија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ниту знаел, ниту учествувал во некаков план со кој што му е овозможено на Никола Груевски да избега од Македонија.

Наместо да се правдаат, сега е вистинско време двајцата да си поднесат неотповикливи оставки заради нефункционирањето на институциите и разорувањето на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со заминувањето на Никола Груевски, тоа не е опција дури и кога сите знаат дека се работи за политички прогон.

Префрлањето на вината на други, Заев и Спасовски не и помагаат на Република Македонија и на правниот систем. Двајцата под итно треба и нивниот криминален картел треба да си заминат“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски