ВМРО-ДПМНЕ: Мерките за борба против корона, Филипче ги обликува според партиски потреби, овој викенд нема полициски час поради конгресот на СДСМ

Од:

„Системот е целосно организиран. Ова го повтори Венко Филипче и по вчерашната средба со менаџерите на клиниките во рамки на кампусот клиники „Мајка Тереза“ и на Градската општа болница „8-ми Септември“.

Ова Филипче го повторува постојано, ама никако да се фати за работа и да организира здравствениот систем за да одговори на последиците од корона кризата.

Дури и мерките кои се носат се под политики диктат“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Викендов конкретно, многу очигледно е дека нема мерки и покрај четвороцифрените бројки на новоинфицирани за 24 часа. Или политиката го прави своето.

Мерките за спречување на короната, Филипче ги обликува според партиски потреби на СДСМ, овој викенд нема полициски час поради конгресот на СДСМ.

Бројката на починати достигна безмалку 3500 лица. Или само во март во првите 15 дена се починати 200 лица.

Сето ова говори за негрижата за здравјето на граѓаните. Затоа Венко Филипче мора да одговара!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му