ВМРО-ДПМНЕ: Меџити шири лажни вести – не е точно дека иницирал најголема набавка на возила за итна медицинска помош во историјата на Македонија

Од:

Денешната изјава на Меџити дека ЌЕ набавувал возила за итна помош е “најголема лажна вест во историјата на државата” и воопшто не кореспондира со фактичката состојба. Фактите говорат дека најголема набавка во историјата на Македонија за возила на итна медицинска помош е реализирана во 2012 година кога беа набавени 70 возила за итна медицинска помош. Истите беа опремени со ЕКГ апарат, дефибрилатор, телемедицина, со надворешен пејсмејкер, респиратор и друга опрема кои ги задоволуваа најновите еколошки стандарди. Конкретно, набавката се состоеше од 69 комплетно опремени амбулатски возила – подвижни болниции и едно специјално педијатриско возило, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Четвртиот министер за здравство, Фатмир Меџити тера гол пиар со празни флоскули кои по учебник всушност значат само неработа и негрижа. Неговите омилени фрази ЌЕ, како никогаш досега паѓаат во вода и ваквите празни “ќе” флоскули на граѓаните им се повеќе од јасни затоа што не можат да дојдат до основна здравствена услуга, нема ниту основни лекови, се затвораат цели оддели заради долгогодишна негрижа за специјалистичкиот кадар. Меџити да внимава кога толку лесно се расфрла со празни пиарски флоскули, а пред се да не шири лажни вести, особено не кога станува збор за факти кои се лесно проверливи“, се вели во партиското соопштение.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он