ВМРО-ДПМНЕ: Медиумската слобода е загушена, а новинарите се секојдневно под закани и притисоци

Од:

„Секој изминат ден го покажува недемократскиот карактер на оваа власт. Скапо платената владина пропагандна машинерија не може да ги сокрие сите лаги на Заев. Ветуваа живот и слобода, а донесоа цензура, закани и условни затворски казни за медиумите.

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува заканите и цензурата врз новинарите и медиумите.

Со доаѓање на СДСМ на власт видовме условна затворска казна за искажан став и напишан текст, не заради тоа што не бил точен, туку биле откриени лични податоци. Нормално, на оние кои донеле ваква срамна политичка пресуда влакно не им фали. Одговорност нема.

Со доаѓањето на СДСМ на власт видовме функционери во министерства, платени со пари од граѓаните како навредуваат медиуми. Нормално, на оние кои навредуваат, а се платени од буџетски пари, влакно не им фали. Одговорност нема.

Со доаѓање на СДСМ на власт гледаме како нивните мегафони промовираат насилници кои се закануваат и навредуваат новинари. Нормално, на насилниците влакно не им фали. Вината е во пајакот. Одговорност нема.

Со доаѓање на СДСМ на власт гледаме класична цензура на емисии. Нормално, на цензорите влакно не им фали. Одговорност нема.

Медуимската слобода е загушена, а новинарите се секојдневно под закани и притисоци.

ВМРО-ДПМНЕ апелира да престанат сите форми на притисок и закани врз медиумите и новинарите.

Република Македонија има потреба од слободни медиуми и новинари, кои без страв ќе работат.

Слободното новинарство е обврска за секоја власт и право на граѓаните.

СДСМ мора да знае дека без слободни медиуми, без новинарска слобода нема демократско општество“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски