ВМРО-ДПМНЕ: Мандатот на Заев помина, а 98% од проектите ветени во предизборната програма се нереализирани

Од:

„Мандатот на СДСМ и Зоран Заев помина, а 98% од проектите кои ги ветија во предизборната програма се нереализирани. Ништо од тоа што го ветија не исполнија.

Енергетскиот сектор во државата наместо да се унапреди, се уназадува.

Зоран Заев вети дека ќе го пренамени ТЕЦ Неготино и од него ќе направи енергетско земјоделски комбинат. Тоа не се случи.

Власта во заминување вети изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште. На крај на мандат се, а не преземале ни административни чекори за отпочнување на проектот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ ветуваше примена на најсовремени еколошки стандарди во ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј. Ништо конкретно не преземаа за ова три години.

Гасификацијата која ја најавуваа во секој предизборен митинг, собир и спот не е мрдната од мртва точка.

Македонија требаше да се поврзе со националните гасоводи на Грција и Бугарија како дел од Трансадриатик цевководот, но Зоран Заев и тоа го излажа и ништо не направи.

Не е ниту на повидок фотоволтаичната електрана крај ТЕЦ Осломеј, која требаше да почне со работа 2020 година.

Енергетиката е запоставена. Цел мандат СДСМ потроши без да направи еден проект. Но наместо инвестиции во енергетиката имаше испумпување пари од енергетските објекти на сметка на фирми блиски до владејачкото семејство.

И додека прашање на ден е кога следен пат ќе изгасне некој од блоковите на ТЕЦ Битола и ќе треба да увезуваме струја, Заев си кажува вицови за тепсии.

На 12-ти април доаѓа крајот на оваа неспособна власт. По 12 април следува обнова на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му