ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули зборува невистини да го скрие срамниот резултат што го оствари

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во денешната писмена реакција на изјавата на Јани Макрадули вели дека тој водел ниска и празна кампања во првиот круг и оти така ќе продолжи и во вториот круг.

– Разликата во гласови за Град Скопје помеѓу Коце Трајановски и Јани Макрадули е огромна. Тоа говори дека граѓаните гласаа за дела и реализирани проекти, но и за програма која ветува дека Скопје ќе прерасне во вистинска европска метропола, се наведува во реакцијата.

Од партијата посочуваат дека граѓаните дадоа поддршка на делата во Скопје.

– Јани Макрадули не ја научи лекцијата на 24 март, па наместо да понуди програма идеи и проекти, онака како што е скроен, зборува невистини, само да го скрие срамниот резултат кој што го оствари, се додава во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Макрадули во јавноста не кажал ниту еден конкретен, реален  и финансиски идржан проект и дека целата негова кариера се темели на празни зборови, без дела.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?