ВМРО-ДПМНЕ: Макрадули се обидува да ја амнестира својата кумашинка од одговорност

Од:

Задачата на Јани Макрадули е да ја оправда и амнестира од одговорност неговата кумашинка Радмила Шекеринска која беше главен лобист за продажба на ЕСМ, што пак директно влијаеше на зголемување на цената на струјата.

Токму тој бонбона бизнис на кумашинката на Макрадули на граѓаните им донесе повисоки сметки за струја.Но распродажбата на енергетскиот сектор не е само бонбона бизнис за Шекеринска, туку и за Јани Макрадули. Ќе потсетиме дека, во 2004 година, четири фирми основани од Тома Макрадули, роднина на Јани Макрадули, преку ноќ ги добија тендерите за набавки и шпедитерски работи за РЕК Битола. Токму од тие зделки и распродажби сака да го отргне вниманието во јавноста.

Разликата е во тоа што Владите на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години имаат инвестирано над 940 милиони евра во енергетскиот сектор. Владите на СДСМ не инвестираа,туку  нивните функционери како Панде Лазаров кој е осуден за малверзации, се богатеа на грбот на народот.

Затоа СДСМ не ја кажува вистината кога тврди дека денес не се инвестира.

Проекти се видливи и мерливи.

  • Инвестирано е во транспортен систем за јаглен од Брод Гнеотино до рудникот Суводол во вредност од 18,6 милиони евра.
  • Само минатата година ЕЛЕМ има инвестирано 62 милиони евра во модернизација и ревитализација на постојните енергетски капацитети.
  • Активирани се нови лежишта на јаглен со што е продолжен векот на РЕК Битола, најголемиот енергетски капацитет во земјава.
  • Започнува со полнење и ХЕЦ Света Петка, инвестиција вредна 75 милиони евра, со која се обезбедува снабдување со струја за 40 000  луѓе, а во тек се работи на ревитализација на 6 хидро електрани Вруток, Равен, Врбен, Длобочица, Шпиље и Тиквеш со што се овозможува нивна поголема ефикасност.
  • Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ спроведува проект на борба против енергетската сиромаштија со кој на социјално загрозените семејства наместо досегашните 600 денари, ќе доделува субвенција од 700 денари за сметките за потрошена енергија.
  • Се реализира проектот за изградба на 110 kV далновод Хец „Вруток“, со должина од 33 км инвестиција во вредност од 3 милиони евра. Во тек е реализација на дел од градежните работи на втората и третата секција.

На крај, совршено е јасно дека Макрадули не го интересира цената на струјата, туку прикривањето на бонбона бизнисот на неговата кумашинка Радмила Шекеринска.

(Интегрален текст од реакција на ВМРО-ДПМНЕ)

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

(ВИДЕО) Јанковиќ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир, глас за Орце е глас за Скопје да стане дивоградба

(ВИДЕО) Кузеска: Стандардот на граѓаните постојано се намалува а власта одбива да ги покачи платите

ВМРО-ДПМНЕ: Добиени се три арбитражни постапки и има заштеда во Буџетот од 565 милиони евра

Горан Наумовски

СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра