А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонската економија тоне поради погубните економски политики на криминалната и одродена власт на Зоран Заев

by А1он11/05/2019 - 10:52247
Share0

Ниту една метла, ниту една оставка не може да ја надомести штетата која Зоран Заев, Тевдовски и Анѓушев ја нанесоа на македонската економија за две години власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Сите економски показатели укажуваат на фактот дека македонската економија тоне, тоне поради погубните економски политики на криминалната и одродена власт на Зоран Заев. Додека граѓаните се борат за парче леб, функционерите на власта ги бројат милионите на своите сметки, заработени преку криминални тендери и грантови на грбот на граѓаните. Додека некој се богати од буџетската сметка, во Македонија над 500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден, живеат на прагот на сиромаштијата“, смета ВМРО-ДПМНЕ.

Речиси секој ден, Зоран Заев ги задолжува македонските граѓани за милионски суми, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ за две години потроши 7 милијарди евра буџетски пари, а притоа не реализираше ниту една крупна капитална инвестиција. Каде се парите на граѓаните, за каква цел се потрошија неверојатни 7 милијарди евра државни пари. Во првите три месеци од нова година, владата на СДСМ реализацијата на капиталните инвестиции остана закована на дното.

Следете a1on на Youtube YouTube

Ништо подобра реализацијата на капиталните инвестиции не беше ни минатата година Останува мистерија каде се потрошени над половина милијарда евра пари на граѓаните, сума за која власта се задолжи кај странските и домашните кредитори.

Младинската невработеност во Македонија е највисока во регионот и во Европа, а од ден во ден се поголем број на граѓаните се решаваат трајно да ја напуштат државата. На овој економски холокауст, мора да се стави крај, СДСМ мора да си замине, Македонија заслужува подобро“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

sdsmvmro

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да дозволиме изборна кражба!

А1он29/06/2026 - 20:1729/06/2026 - 20:17

ВИДЕО: И СДСМ ќе го блокира Изборниот законик, Филипче вели дека отвора врата за изборна кражба

Катерина Ѓуровски29/06/2026 - 14:46

Димитриевски: СДСМ е друштво во стечај, координирано од Струмица, а ликвидаторот е Венко Филипче

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 17:12

Буџетот е празен – нема да има пари за пензии, загрозен е и вториот столб

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 13:05

СДСМ: Мицкоски прави ЗНАМ 2.0 – Театар со караван додека се делат тендери

Предраг Петровиќ28/06/2026 - 10:08

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

Катерина Ѓуровски23/06/2026 - 11:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто