ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ оди кон провалија

Од:

„Криминал, корупција и рекет. Македонија со СДСМ оди кон провалија.

Десетици криминални случаи, а ниту една разврска.

Епидемијата со непотизам која ги зафати сите државни институции, сите функционери, од министри до локални директори остана несанкционирана. Се помина со неколку претставки од ДКСК и еден два откази, поголемиот број останаа нечепнати.

Милионскиот криминал во Фондот за иновации, каде фирми блиски до власта добиваа по неколку стотици илјади евра, како да ја имаат пронајдено парната машина во 21 век исто така е без епилог“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНE.

„Без разрешница е и криминалот на Рашковски, за кого постојат сериозни сомненија дека сторил криминал од над 1.8 милиони евра.

Зоран Заев не би бил Зоран Заев доколку во криминалната влада која ја предводи не би бил најголемиот криминалец. Милионскиот рекет кој е вршен со години, не може да е вршен без знаење на Зоран Заев, кој е главата на криминалниот октопод.

Во притвор завршија директните извршители како Зоки Кичеец, Боки 13 и Катица Јанева, а никаде не се зборува за нарачателите и помагачите од врвот на власта.

Зоран Заев иако е спомнуван во исказите на оштетените се уште не е повикан на распит, како што се развлекуваше и притворањето на Јанева.

И иако пет месеци по Рекет 1 и месец по Рекет 2 се уште разрешница не е на повидок. Нема разрешница затоа што ЈО на Русковска го штити Зоран Заев.

Со Заев на чело на владата и Русковска на чело на обвинителството никаква правна разврска нема да има. Потребно е СДСМ да си замине. Потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНE.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му