ВМРО-ДПМНЕ: Македонија плаќа огромна цена од штетното и деструктивно однесување на СДСМ

Од:

„СДСМ веќе две ипол години преку вештачки креирана криза пробува да ја заобиколи волјата на народот за да дојде на власт.

СДСМ функционира според нивнито деструктивно мото „колку полошо за државата и народот, толку подобро за партијата“.

Македонија и нејзините граѓани плаќаат огромна цена за ваквото штетно и деструктивно однесување на СДСМ.

Мнозинството граѓаните на последните парламентарни избори ја дадоа поддршката за програмата „Реално“ и мерките и проектите содржани во неа но, и покрај тоа СДСМ го попречува реализирањето на овие проекти од кои директна корист ќе имаат граѓаните.

Дел од тие проекти кој не може да започнат со реализација е и проектот „Од град во село за нов почеток“.

Целта на овој проект е да се обезбедат услови и мерки преку кои ќе се стимулира враќањето на животот во селата и унапредување на социо-економските услови за живот во руралните средини во државата.

Право на користење на поддршката од овој проект ќе имаат лица кои претходно мигрирале од село кон град и се уште имаат имот на село или таквите кои не го задржале имотот, како и невработени лица од град или пак вработени, но со многу ниски примања.

Преку овој проект се предвдува голем број на бенефиции за граѓаните како што се: субвенционирање на трошокот за купување, реновирање или градба на куќа до најмногу 6.000 евра, доделување на еднократна месечна парична помош во висина од 15.000 денари месечно во тек од 18 месеци или вкупно 270 илјади денари, можност за користење на поддршката за 60% државно кофинансирање на различни типови на земјоделски инвестиции, како механизација, опрема, трактори и слично, 80% државно кофинансирање за инсталирање на системи за наводнување „капка по капка“, бесплатно користење на државно земјоделско земјиште до 3 хектари и уште многу други поволности за лицата кои ќе се одлучат да се вратат на село.

Овој проект претставува одлична можност за оние кои се невработени, а живеат во град, преку својот труд, со исклучителна поддршка од државата да дојдат до свој дом, своја работа и свој бизнис.

Ова престаавува вистинска грижа за граѓаните и развојот на државата.

Покрај сите опструкции од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи континуирано да работи во интерес на граѓаните, да спроведува мерки и проекти со кои ќе им се подобри животот на сите граѓани“, изјави Бојан Стојаноски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ