ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите во јуни

Од:

„Неспособноста на владата да ги испорача реформските приоритети, неиплементирањето на судските реформи, организираниот криминал, високиот степен на корупција, нарушеното функционирање на институциите, бројните скандали и однесувањето на функционерите на власт, не само што на Македонија нема да и донесат датум за преговори со Европската унија, туку ќе ја доведат државата и граѓаните во поголема криза.

Пораките и препораките кои стигнуваа годинава за состојбата во која што се наоѓа Република Македонија, не допираат до Зоран Заев. Тој бесрамно се самонагради со незаслужен одмор за неспособното работење.

Заев наместо да ги засука ракавите и да почне да работи на проблемите со кои се соочува државата, за да им обезбеди европска иднина на граѓаните, главна преoкупација му е со каков мотор ќе се вози.

Ноншалантното однесување на Зоран Заев, лагите дека сме добиле чист датум за преговори ќе ги чинат граѓаните повторно разочарување. Со ваков премиер Република Македонија ќе оди само назад, државата ќе продолжи да тоне, а резултатите од неработењето ќе бидат повторно на товар народот.

Нема сомнеж дека сериозните европски партнери ќе го казнат неработењето на Заев, кој ќе треба да поднесе одговорност зашто ги трошеше државните пари за прослави по повод добивање на наводен датум за преговори со Европската унија.

Македонија нема да добие датум за почеток на преговорите во јуни,затоа што владата нема капацитет да ги испорача критериумите, а единствени реформи се скапите мотори на Заеви“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ