ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е земја на политички затвореници

Од:

„Македонија е земја на политички затвореници. Се монтираат обвиненија за тероризам против луѓе кои не направиле прекршок ниту знаат што е оружје.

Се притвораат уметници, актери, режисери, архитекти, припадници на полицијата, се притвораат луѓе кои дале и даваат свој придонес за општеството, само затоа што не се согласуваат со политиките на СДС.

Хунтата на власт ја има заробено целата држава. Правосудните органи како репрезент на 3-та власт не се повеќе независни во своите одлуки. Судовите не одлучуваат согласно закон, туку по диктат, затоа се и смешните и апсурдни обвиненијата за тероризам против 36-те македонски патриоти.

Судството подлегна на притисоците на хунтата и со тоа е активен соучесник во политичката хајка против секој кој не е СДС. На удар е секој еден граѓанин на оваа држава, кој нема да се согласи со политиките на хунтата. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ крева глас против неправдата и незаконието.

ВМРО-ДПМНЕ останува на улиците се додека хунтата ги гази законите и се изживува со граѓаните. Демократијата и правната држава ќе бидат вратени.

ВМРО-ДПМНЕ бара:
1. Безусловно запирање на сите овие процеси на политичкиот прогон.
2. Итно и безусловно стопирање на малтретирањата, на теророт и изживувањето кое го прави СДС.
3. Итно пуштање на слобода на сите лица кои се опфатени со овој класичен политички прогон.

ВМРО-ДПМНЕ, денес во 18 часот, ќе организира протест пред Министерството за правда, на улицата „Димитрија Чуповски“, каде ќе има повеќе обраќања пред присутните“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ