ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е завиена во црно бидејќи продадоа, погазија и уништија се

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Радмила Шекеринска, Бујар Османи и Никола Димитров.

„Најголема демагогија и срам за државата е кога однародените Зоран Заев, Никола Димитров или Радмила Шекеринска стојат пред табла на која пишува Влада на Република Македонија и притоа честитаат и се фалат со насилната смена на Уставот за бришење на името Република Македонија.

Во ситуација кога Македонија и народот е разочаран од губењето на името само Заев, Шекеринска и Димитров слават. Македонија денес не слави, Македонија е завиена во црно бидејќи продадоа, погазија и уништија се. Залудни се фалбите, залудни се повторените ветувања за истите лаги. Залудно е криењето зад наводни реформи како изговор за бегството од избори.

За помалку од една година Заев, Димитров и Шекеринска потврдија дека се октроирани на власт за една намена. Заев, Шекеринска и Димитров и покрај сите ветувања и колнења го сменија Уставот со цел промена на уставното име. Лажеа, лажат и продолжуваат со лагата. Спротивно од националните и државните интереси, спротивно на волјата на граѓаните изразена и на референдумот во 1991 и на референдумот 2018 година, ја жртвуваа Македонија, нејзината посебност, историја, култура. Останува запишано дека 81 човек во Парламентот го променија името и идентитетот, а не народот, не граѓаните на оваа држава!

Гласањето во Собранието за смена на Уставот со цел промена на уставното име беше спроведено на сила, со уцени, со закани, со злоупотреба и газење на судскиот систем- со злоупотреба на се’ што претставува демократија. Ниту го сменија ниту ќе го сменат впечатокот за својата криминогеност, насилство, корупцијата и неспособност за реформи. Ова е само и само– Предавство и Кариеризам! Со бришењето на Македонија сметаат на заштита за личните и партиските интереси врз грбот на народот, врз идентитетот, врз историјата, јазикот, културната посебност.

Така не се постигнуваат вредности. Тоа не се реформи. Името не беше пречка овој криминален картел на власт да се бори со корупција, да се обезбеди повисок стандард, да се градат школи, градинки, да се унапреди здравството, образованието и земјоделието. Го променија името ликови кои се корумпирани, аболицирани за криминал и сега тие ветуваат европски вредности. Лицемерие!

Доста е. Не бегајте. Излезете на избори! Не се тоа избори за фотелји, тоа се избори каде ќе победи народот, каде што ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, за да победи достоинствена и горда Република Македонија.

Да живее Самостојна, независна, достоинствена и горда Република Македонија“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите