ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е заглавена во патот кон ЕУ заради концесиите на Заев кон брат му Бојко, кој ветил уништување на идентитетот

Од:

„Македонија е заглавена во патот кон ЕУ од концесиите на Заев кон брат му Бојко, кој ветил уништување на идентитетот. Захариева кажа дека Заев прифатил да потпише дека македонскиот идентитет се одвоил од бугарскиот и тој настанал по 2 август 1944 година.

Признанието на Захариева потврдува дека Заев преговара за македонскиот идентитет. Разговорот на Заев со Борисов само потврдува дека Заев е на пат да го исполни ветеното“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев ги прифатил најшовинистичките бугарски теории и негации кон Македонците и Македонија. Заев буквално го сече темелот на државата и прифатил дека се што било пред 1944 година не било македонско.

Заев не негираше ниту дека прифатил дека Илинденците и сите останати македонски револуционери се македонски бугари. Захариева го соголи Заев. А Заев ја соголил Македонија.

Нашите позиции како држава се разнишани и уништени. Заев и лично виновен, затоа што почна да разговара за работи за кои не се разговара и отвори врата за блокади кон ЕУ.

Се поврдија сите тврдења на Христијан Мицкоски дека Заев преговара за идентитетот и за обезличување на Македонија. Заев е камен на сопнување за Македонија и нашиот пат кон ЕУ“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му